Тетово четири години има претпријатие за Јавен превоз но нема автобуси

И по речиси четири години од формирањето, никако да проработи претпријатието за јавен превоз, „Тетово транспорт”. На последната вонредна Седница на Советот се расправаше само за ова прашање, но повторно без конкретни одговори. Советниците реагираа дека општината не покажува интерес претпријатието да профункционира, потсетувајќи дека пред две години биле ветени 10 автобуси од град Скопје, кои не стигнале во Тетово.

Откако пропадна донацијата, сега Општината преку задолжување ќе се снабдува со автобуси. Но, и за ова нема конкретни рокови.

Токму воведувањето на јавниот превоз се наведува како една од мерките за намалување на загадувањето во градот. Но, многу прашања околу овој проблем и натаму остануваат неодговорени поради честото отсуство на градоначалничката на Седниците, на што реагираа советниците, порачувајќи дека не се возможни конструктивни расправи без нејзино, но и присуство на одговорните во институциите и претпријатијата.

Милена Вуческа