Тетово се уште мириса на изгорено, мерната станица пак не работи

Непријатната миризба на изгорено која и понaтаму се чувствува во Тетово ги плаши луѓето дали е загаден воздухот по пожарот.  На интернет страницата на министерството за животна средина деновиве не се постојано достапни податоци за квалитетот на воздухот, за што вчера призна и министерот. Кризниот штаб на Тетово бара да провери  дали воопшто е функционален апаратот за мерење на квалитетот на воздухот,  во спротивно бараат фонкционален мобилен уред за да знаат каков воздух дишат тетовци.

Да провери дали работи како што треба. Да не информира дали е точен, параметрите што ги објавува тој апарат дали се точни или не се точни. Да се провери апаратот и после да ги земеме резултатите што ги објавува апаратот за мерење на воздух, изјави Бесар Дурмиши, Општина Тетово

Пожарникарите кои денеска сумираа колку од опремата им била уништена, предупредуваат дека местото на пожарот е потенцијална опасност за понатамошни согорувања и дополнителна опасност од  загадување на возудхот.  Изгорените 7500 метри квадратни сега се потенцијала опасност за еколошка катастрофа.

Постои уште закана да се запали, пошто знаеме дека материјалите што се тука се многу, брзу се палат. Ние правиме таму, седиме 24 саати, и ќе седиме уште денови таму, пошто се знае дека материјалите се палат, изјави Авни Амети – ТППЕ Тетово

Кризниот штаб на Општина Тетово донесе одлука да се зголеми бројот на пожарникари и да се набави неопходната опрема за работа, бидејќи сегашните капацитети се недоволни за покривање на територијата на 5-те околни општини.

Александар Самарџиев