Тетово се празни, иселувањето е загрижувачко

Дека не запира трендот на иселување од државата покажуваат и најновите бројки од уписите во училиштата. Таков е примерот и со Тетово. Општината која со градот и неколку рурални места брои вкупно 84.770  жители – и иако е една од поголемите, годинава бележи само 849 запишани првачиња.

Статистиката покажува дека децата родени 2016 година кои сега треба да тргнат на училиште биле многу повеќе, но во меѓувреме нивните семејства заминале во странство.

  • Според податоците што ги имаме од Управа за водење матични книги до Сектор за јавни дејности,доставија дека деца кои се родени во 2016  и деца кои се родени до 31.1.2017 е 1416 деца. Но нема да значи дека оваа бројка е вкупно, пошто знаеме дека многу од наши деца заминуваат во запад.  До денеска во нашите основни училишта се запишани 849 ученици од кои 705 Албанци 134 Македонци и 10 Турци.

Луѓето не гледаат дека економската состојба оди на подобро, сметаат дека има лоши владини политики на владеење , а општествениот систем за нив е нефункционален. Ова се само дел од бројните причини зошто луѓето се одлучуваат да емигрираат од Македонија,  велат анкетираните тетовци.

Пописот покажа дека Македонија за разлика од пред 20 години има има речиси 200.000 жители помалку. 

Александар Самарџиев