Тензично во Собрание, власта не сака расправа за укинувањето на Етичкиот кодекс

ВМРО ДПМНЕ бара веднаш да биде укинат Етичкиот кодекс во Собранието, по недоличното однесување на собранискиот спикер Талат Џафери. Сепак расправата по таков закон ќе почека – иако уредно доставен предлог законот, Џафери не го стави на дневен ред со образложение дека службите немале време да го преведат за денешната седница.

-Kога се наоѓаме во ситуација кога имаме еклатантен пример на непочитување на Деловникот, службениците, колегите, побаравме да се дискутира за тоа, одлуката е на крај индивидуална. Меѓутоа дискусија мораше да има. И ние се доведовме до ситуација да владејачкото мнозинство реши да не се дискутира на темава. На оние на кои што устата им е полна со транспарентност гласаа против да се отвори темата за Џафери. Барам Кодексот да биде ставен како точка на Дневен ред“, побара Мицевски.

Во тензична атмосфера и на седницата на Комисијата за Деловничко и мандатно имунитетни прашања, владејачкото мнозинство не дозволи расправа за однесувањето на Џафери кој во снимката која исплива во јавноста ги пцуеше и навредуваше собраниските службеници. Од опозицијата велат дека нема да бидат изненадени доколку власта на ваков начин ја отфрли и поднесената интерпелација за работата на Џафери откако заклучи пратеници во собраниската сала.

Ивана Соколовиќ Најдова