Тензично во Охрид – Јајца и камења за „културниот“ клуб на Бугарите именуван по соработник на фашистите „Цар Борис Трети“

За влакно избегнат инцидент на протестот пред седиштето на бугарскиот културен центар Цар Борис III кој се отвори сред Охрид, разгневената толпа тешко се котролираше-кога членовите на здружението меѓу кои имаше и нивни гости од Бугарија,поклоници на ликот и делот на цар Борис III излегоа на балконот пред просториите во гартскиот амамот веејќи знаме со ликот Цар Борис.

Во еден момент од толпата почнаа да фрлаат со јајца а летаа и камења. Извикува фашити, татари, АСНОМ е жив.

Анкета: 1. „Цар Борис е фашиста, во една демократска земја за фашисти нема место.“; 2. „Ќе си ја браниме ние Македонија. Зошто во Пиринска Македонија не им дадат право не само тука. Зошто нашата Влада не реагира, ако се европјани“; 3. „Срамота за Македонија и за сите кои што ги дозволуваат сите овие работи немаме ништо протов овие луѓе и тие се инсинуирани натерани без да се смесни што прават, го копаат гробот на Македонија“.

Полицијата едвам успеа да ја го сопре насобранот народ кој се обидуваше да ја премине улицата,да го пробие полицискиот кордон и да влезе во просториите на клубот.Ако им се дозволи во секој град и село ќе отврат клубови,ние нема тука да сопреме ситуацијата допрва ќе излезе од контрола доколку не се затвори овој и другите клубови во Македонија-порачаа протестантите.

Анкета 2: 1. „Ова е провокација не е ова отворање на клуб, изживување со народот, не знам која е точката на топење кај народот. Сигурни нема да работи клубот тука“; 2. „Ако во некој национални држави како Бугарија нема своја историја, ние имаме вистински премногу можеме да им дадеме едно парче ама ние да станеме друго освен македонци никогаш ќе останеме македонци“.

Тензичната армосфера траше безмалку два часа, народот во еден миг на глас почна да пее патриотски песни, но нивниот гнев и лутина тешко се контролираше.

Инаку бугарскиот клуб Цар Борис III се наоѓа во близина на охридскиот основен суд, на локација која е видива од булеварот Македонски просветители кој води кон пристаништето и паркот каде се наоѓа бистата на Григор Прлилев. Над влезната врата стои табла на која со големи кирилични букви пишува “Здружение на граѓани Цар Борис III”.

Инаку во Амамот на истиот кат се наоѓа и бугарскиот културно информативен центар „Балкански хоризонти” кој беше отворен во месец април годинава.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

Advertisements