Тензии во Брисел : Италијански европратеник со чевел ја изгази одлуката на ЕK

Откако Европската комисија го одби фискалниот план на владата во Рим, италијанскиот член на европскиот парламент, Анџели Чока, пред новинарите со чевел ги газеше документите од европскиот комесар за економски и финансиски работи Пјер Московиси.

На крајот од прес-конференцијата, Чока од италијанската владејачка десничарска Лига, се качи на подиумот зад грбот на Московиси го соблече чевелот и потоа ги изгази хартиите на кои беше одлуката на ЕК. Комесарот на ЕУ за економски прашања , Пјер Московици , остро реагираше на потегот на италијанскиот пратеник.

Московиси го осуди овој „перфоманс” и наведе дека таквото однесување е гротескно.

На тоа на Твитер одговори Кјоче , кој напиша дека за газење користел чевел произведен во Италија , а Московици изрекол куп лаги против неговата земја.