Тендерот на Османи за донаторот на ДУИ „Еуровиа“, чист во очите на Антикорупционерите
И Антикорупциска крена раце од Османи. Тие го земаат в раце, но веднаш го пуштија предметот со скандалозниот тендер тежок цели 2 милиони евра со кој Османи реновирањето на салата Борис Трајковски ја додели на фирмата Еуровија, која инаку е донатор на ДУИ. За нив нема ништо спорно што фирмата ја добила зделката иако е финансиер на партијата на Османи. Единствената мана што ја најдоа е што Еуровија донирала повеќе пари од дозволеното, ги вратила, но предоцна – цела година по законскиот рок. Но, и за тоа нема да гонат, туку предметот само го препратија до државниот завод за ревизија кој треба прекршочно да ги казни.
Интересно е што ДУИ и ги вратила парите на Еуровија во јули, само еден месец пред Османи, во август да и го додели 2-милионскиот тендер за салата.
Сите членови на Антикорупциска гласаа ЗА, да се достави допис до Заводот за ревизија и Министерството за правда, за понатамошно постапување. Антикорупционерите беа согласни дека дотука е нивната работа, а понатаму треба да преземе Заводот за ревизија и да поднесе соодветна пријава.
Втор месец како реакциите во јавноста не стивнуваат за тендерот на Еуроавиа. Опозицијата и граѓаните чекаат исход од скандалот каде спознор на партија истовремено добива и милиони на тендер,
Додека антикорупцинерите топката ја префрлија до ДЗР, до оббвинителството не допира ни гласот за скандалозниот тендер. Поминаа веќе од две недели откако ДУИ им достави документација, а целата јавност ги повика да постапуваат, оттаму молк. Ниту виделе, ниту чуле, а немаат ниту коментар.
Министерот Бујар Османи рече дека од медиумите дознал за донацијата на Елмедин Адеми и кога го склучувал договорот со него не знаел дека токму тој е спонзор на ДУИ. Иако медиумите беа преплавени со фотографија на која не само Османи, туку и цело раководство на ДУИ стојат до Адеми на отварање на партиски локал.
Додека надлежните не гледаат корупцијата во скандалот, ОБСЕ не го пере Османи и нема коментар околу начинот на трошење на државни пари.
Гостувањето на 70 министри на ОБСЕ и нивните делегации ќе го чини македонскиот буџет 5 милиони. Од нив 1, 8 одат кај Еуровиа за да ја потготви салата, 120 илјади евра одат за агенцијата Рејтинг за промоција и стратешки комуникации, а со останатите 3 милиони евра треба да се обезбеди хотелско сместување и вип превоз за министрите и делегациите.
Паула Костадиноска