Телата на таткото и ќерката кои се удавија во Рио Гранде се враќаат во Салвадор

Телата на таткото и ќерката кои се удавија во реката Рио Гранде во обид да стигнат до територијата на САД, ќе бидат вратени во нивната држава, Салвадор, каде што ќе бидат погребани.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, фотографијата на која се Оскар Алберт Мартинес и 23-месечната Енџи Валери Мартинес во прегратка со лицата во матна вода го потресе светот и претставува сурова реалност на мигрантската криза и ризикот што луѓето го преземаат за да стигнат до јужно американската граница.

Телата се предадени на сопругата и мајка Танија Авалос во Мексико, оттаму се префрлени во Монтереј од каде со авион треба да бидат однесени во Сан Салвадор.

Семејството на трагично загинатите татко и ќерка побара од властите да гарантираат приватност за време на префрлувањето на телата во нивната држава.