Теквондо турнир Охрид ОПЕН 2022 – најдобрите меѓу најдобрите

Најдобрите се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби, а публиката имаше можност да гледа врвни техники на меѓународниот Теквондо ИТФ турнир “ОХРИД ОПЕН 2022” во организација на оридскиот теквондо клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец. Викендов, се собраа над 200 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија, Албанија, Грција и Македонија.

-Организацијата беше на највисоко ниво иако искуството не е многу на наша страна. Направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го организиравме по сите највисоки светски стандарди на Интернационалната Теквондо федерација , со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација. Тој со своето искуство помогна овој турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на клубот и на Македонската ИТФ, а поранешен светски вицешампион Прага’96.

Лазаревски упатува благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” и до Општина Охрид за помошта за успешната организација на турнирот, до Стојан Стојановски за фотографиите и преносот во живо, до сите останати кои помогнале за организирање на турнирот, како и до судиската екипа која делела несебично правда и овозможила најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.

За најдобри клубови на турнирот беа избрани

      1 место: Тајгер тим од Перник

      2 место: Тервел 2006 од Севлиево

      3 место: Тонг Ил од Нови Сад

– Нашиот клуб настапи со 44 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар, за некои прв медал, што ни прави посебно задоволство  дека имаме веќе нови генерации кои се спремни и физички и психички за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина. Нашите натпреварувачи вкупно освоија 51 медал, од кои 8 златни, 15 сребрени и 28 бронзени, со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот, додава Лазаревски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста