ТВ Прва: Во редовите на ИД има стотина борци од поранешна СФРЈ

Во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак се бореа и околу 100 лица по потекло од државите од поранешна СФР Југославија, смета професорот од белградскиот Факултет за безбедност, Дарко Трифуновиќ

– На страната на џихадистите се бореа околу 100 лица по потекло од Србија, Косово, Босна и Хрецеговина и Македонија. Сите тие прво отишле во Германија и Франција, па од таму заминале за Блискиот Исток, изјави Трифуновиќ за телевизијата Прва.

Според него, сега по разбивањето на ИД, тие веројатно ќе бараат начин да се вратта во своите родни краишта и никој не ќе може да го спречи.

Тој нагласува дека американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно ќе ги пушти овие џихадисти да се вратат во Европа.

– Трамп всушност со ова и праќа порака до Европа: Вие не кртикувате, а ние трошиме милијади за да ве штитме. истакнува Трифуновиќ.

Според него, на властите од земјите од регионот ќе им биде тешко да докажат дека некои од овие повратници се бореле во редовите на ИД во Сирија и Ирак.

– Европа едноставно ќе ги пушти да влезат, бидејќи нема друго решение, нагласува Трифуновиќ, додавајќи дека многумина од овие борци на ИД имаат паосши на туѓи имиња, изработени во „печатници што печатат многу квалитетни фалсификувани пасоши“.

Тој посочува дека овие луѓе „се здружени околу идејата на политичкиот ислам, која го користи тероризмот за остварување на своите цели“.

– Голем број невладини организации претставуваат логистика за терористите. Постои машинерија што ги создава тие борци, а која никогаш не беше уништена, заклучува Трифуновиќ.