ТВ Ора: Заменикот-министер за внатрешни работи, Буши потрошил 20 илјади евра за престој во Хотел Турција

Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за само една ноќ во Истанбул платил фантастични 20 илјади евра во ексклузивен хотел, открива Албанската Ора њуз.

Заменикот на Оливер Спасовски, кадар на ДУИ, веројатно толку многу бил понесен од раскошот на прецедателскиот апартман и двете млади девојки кои го придружуваат, што, снимајќи го луксузот, на неколку наврати со телефонот си ја снимил релфексијата од неговиот лик во огледалото.

Цената на сместување многу лесно се проверува со само кратко интернет пребарување на хотелот со 5 ѕвезди, „Парк Босфор“, и споредба со снимката на Буши, како и понудите за сместување.

  • „Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице патувал Буш во Истанбул во октомври 2020?“ – Прашуваат од албанската телевизија.

Имајќи предвид дека платата на Буши изнесува околу 1500 евра, за тој да престојува само една вечер во поморскиот раскош, му требаат над 13 плати, кој ги добива од народни пари.
Грижата за своите функцинери се покажа како главна одлика на колацијата ДУИ – СДСМ.

Јавноста беше сведок на тендерот вреден десетина илјади евра за владините кристални чаши, чинии, ножеви и вилушки, кои пак се наполнија со тендер од 50 милјади евра за млад јунешки бифтек и рамстек. Помеѓу функционерите кои се хранат со народни пари се најдоа и такви кои сакаат морска храна, па во септември годинава, додека цел владин кабинет им објаснуваше на граѓаните како да штедат, тие од државниот буџет на страна си тргна цели 20.000 евра за свежа замрзната риба, октоподи и морски плодови.

И додека народот едвај крпи крај со крај, грижата за фунцкинерите во владата на дело се покажа и со тендерот тежок 7,500 евра за набавка на бадеми, лешници, индиски ореви и фстци, како и 45те лимузини пасат, за кои од Илинденска одвоија по 45,000 евра по автомобил.

Никола Цветкоски

Advertisements