ТВ Дуел на Алфа: Силјановска Давкова и Пендаровски, 30 април

Со тесна разлика претседателските кандидати Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во финишот од кампањата.

Дали Македонија ќе ја добие првата жена претседател? Ќе има ли Пендаровски повеќе среќа отколку во 2014. Година? Дали граѓаните „ќе одговорат на повикот на татковината“ или „ќе се движат напред“? Има ли пат кон ЕУ и НАТО без правда, или правдата ќе дојде со влезот во меѓународните институции?
На овие и на многу други прашања, кандидатите за претседател Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски, преку дебата и соочување на ставовите, ќе ги дадат своите одговори. Ќе одговараат и на прашањата директно поставени од граѓаните.

Бидете на фрекфенцијата на Алфа на 30 април, во 18.18 и проследете го соочувањето на претседателските кандидати.

Дебатата ќе ја води Искра Коровешовска.