Твитер пресече помеѓу Спасовски и Пендаровски

Во очекување на одлуката на СДСМ кому ќе ја дадат довербата да ги претставува во битката за Претседател на Република Македонија, со свои предлози се приклучија и твитерџиите.

Еден корисник коментирајќи го насловот дека „Заев ќе пресече помеѓу Пендаровски и Спасовски“ реторички прашува „Јас стварно не знам што има да се сече овде“.

Неговата дилема ја разреши друг корисник, кој практично покажа што и каде има да се пресече меѓу кандидатите.

Конечната одлука сепак ја има раководството на СДСМ и таа се очекува во текот на денот.