Тачи: 2019 ќе биде година на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи им ја честита денеска на граѓаните на Косово Новата година и порача дека 2019 ќе биде година на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија.

Во честитката на неговиот Фејсбук профил, минатата година Тачи ја нарече „година на Војската на Косово“.

– Додека 2018 беше година на Војската на Косово, годинава која штотуку започна ќе биде година на отворање на границата меѓу Косово и Албанија и на постигнување конечен договор меѓу Косово и Србија, напиша косовскиот претседател.