Таткото ја покани Царовска да поживее со мизеријата на 8-те дечиња во Црешнево

Во 21 век во земјата која влегува во НАТО и очекува датум за преговори со ЕУ се урива митот дека децата се нашето најголемо богатство.

Во планинското село Црешнево на половина час возење од Македонски брод во Поречието живеат 8 дечиња кои не знаат дали денеска ќе имаат храна, на први септември училишен прибор а в зима лекови, здравствена заштита и топла облека.
Благица, Драгана, Марко, Мартин, Кире, Викторија, Ирена и Александар, во 21 век живеат како во деветнаесетиот.

На раб на изгладнетост, спиејќи по 5 деца на еден кревет тие се жртви на системот за кој министерката за труд и социјална работа Мила Царовска, но и на нејзините предходници кои не успеале да обезбедат живот за сите во невоља.

Таткото Велче ја поканува министерската за труд Мила Царовска да поживее со неговите деца и да види колку долго ќе издржи.

Наместо државата да им помогне на децата во битката со животната судбина во која не живеат со својата биолошка мајка, таа дополнително ги уништува со своите бирократски процедури, занемарувајќи ги човечките и хумани аспекти на животот. Оставајќи ги да живеат со 23 денари дневно Македонија го урива уставната обврска да се грижи за сите свои граѓани како социјална држава.
Формално нивниот татко Велче Цветаноски не постои како корисник на социјалниот систем.

Велче не може да добие социјална помош затоа што е формално вработен. Работи за 7.000 илјади денари месечно како хигиеничар во основното училиште, каде што учат само неговите деца и плус уште едно од селото. Според системот на Царовска тие што добиваат било каков приход не можат да добијат социјална помош. Како 23 денари што секој член на семејството Цветановски се доволни за да се преживее.

Многудетното семејство на Велче живее во куќа стара повеќе од 100 години, тој нема имот на негово име, но сепак не може да добие социјален стан од државата. Кога лани се делеле станови, дел од неговите документи што биле испратени од Македонски Брод до Министерството за труд и социјална политика, мистериозно исчезнале.

Никогаш не добил официјално објаснување зошто не го добил станот. Во Македонски брод сите знаат дека луѓето што ги добиле социјалните станови се во далеку подобра финансиска и имотна состојба од семејството од Црешнево.

Цветановски во битката со сиромаштијата не е сам, му помагаат многу добри луѓе од поречието, тука е и неговата нова животна сопатничка која се бори да ја намали мизеријата на децата, но без помош од државата, прашање е дали ова семејство ќе преживее уште една зима.

Целата репортажа на Алфа од Црешнево во видеото.

Горан Момироски