Таткото на Ева: во институции кои одлучуваат за судбината на нашите деца, седат луѓе во кои нема хуманост

Миговите во битката да се спаси еден детски живот која траеше една година, сега бавно минуваат, ги заменуваат ситни чекори кои водат кон вечното почивалиште на Ева. Нејзините родители со натчловечки напори направија се’ што беше во нивна моќ, со денови коленичејќи пред Фондот за здравство.

-Јас Ева никогаш нема да ја вратам,но не сакам друго дете ова да го преживее.Државата можеше,но не сакаше да ни помогне. Што се 100.000 евра за една држава која издвојува пари за непотреби нешта. Во институции кои одлучуваат за судбината на нашите деца, седат луѓе во кои нема хуманост-вели скршениот од болка Благоја, таткото на Ева.

Тој ни раскажа како самите со помош на пријатели се ангажирале околу тоа каде Ева може да се лекува,обраќајќи се во клиники во Шпанија, Италија, Швајцарија,Германија.Но последената искра надеж ја згасна Фондот за здравство.

  • Таму има директори двајца албанци, двајца македонци си има директори си земаат плати, се е поделено по два.За лекување сретства никако да се одобрат.Отидов кај господинот Вулнет истата приказна на секое одење 3-4 пати: платете си ги сретствата ќе ви ги рефундираме.Јас собрав последно 200.000 евра.Ако тие пратеа само e-mail  како што добро пишува, на клиниката во Гисен, само потврда,но тие не сакаа да пратат потврда. Јас само сакав да го направам најдобро лекување, да одам во една од најдобрите клиники.-Изјава Благоја Крстаноски-таткото на Ева.

Оваа гарнитура дојде на власт собирајќи поени сурово користејќи ја смртта на малата Тамара, додаде дедото на Ева кој не можеше да зборива пред камера. Семејството кое за лекување собра 200.000 евра со помош на хумани луѓе, и сопствениот дом го стави под хипотека само да се обезбедат уште 100.000 евра кои беа доволни Ева да оди на лекување во Германија. Македонското здравство тоне во мизерија, нема кадар, а клинките ги немаат нити најпотребните лекови за малигни заболувања.

  • Оди татко најди ги ампулите, не можеме да го почниме.Ајде јас отидов преку пријатели, роднини што ги имав, што ми имаа речено ако немате лекарста ќе побараме преку едни други ќе ги најдиме, ги најдовме и тие ампули.Значи да не зборуваме за оние апчиња што се нормални, што ги немаат.Да кажам Ева примаше петок, сабота и недела два пати денот бактрим и ние редовно си го купуваме,него апчињата што се на одржување јас две и пол илјади долари татко ми од Австралија тие апчиња не можат да се набават приватно.-Изјава Благоја Крстаноски-таткото на Ева.

Огромните пропусти во лекувањето на Ева со погрешна и силна терапија си ги направија своето. Ева имаше отоци по телото, запчињата и испаднаа, месото и трунеше во усната шуплина. Отворената рана ја држевме со стерилна газа за да може девојче да голтне- раскажува и плаче татко на Ева со која последните 3 месеци од животот спиеле на едно детско креветче Ева и нејзините родители.

 Росица Голабоска