Тасева: Работењето на „Пуцко петрол“ е судир на интереси и тргување со влијание

Класичен судир на интереси и тргување со влијание. Вака експертите го коментираат работењето на „Пуцко петрол“, компанијата која важи за речиси ексклузивен доставувач на нафта за државта.

Претседателката на Транспаренси Интернешенал, Слаѓана Тасева, вели дека институциите мора сериозно да го прочешлаат работењето на нафтената компанија и начините на кои таа ги добива тендерите.

  • Најчесто судирот на интереси го гледаме во постапките за јавни набавки и ние постојано зборуваме дека за време на избори, кој ќе обезбеди поддршка и ќе победи на изборите, може да смета на тоа дека понатаму ќе има добар бизнис, односно ќе може да работи со тендери и тоа правило ниту еднаш не било непотврдено. Кој и да дојде на власт секогаш истото се случува и на ниво на општини, на ниво на институции и на повисоко ниво на политиката, посебно кога зборуваме сега за енергијата, вели Слаѓана Тасева за Алфа.

Со „Пуцко петрол“ раководи Асмир Јахоски. Татко му, Исмаил Јахоски, влезе во Собранието преку изборната листа на ДУИ откако претходно во пет мандати беше градоначланик на Пласница. Сега со Општината раководи неговиот брат, Алија Јахоски. Експертите велат дека ако институциите работеле како што треба, спорните тендери ќе се проверуваа и кога ќе се откријеа неправилности ќе се поништуваа.

  • Тоа е препознаено како проблем, меѓутоа се уште недостасува доволна реакција, недостасува поништување на тендер во случај на судир на интереси на пример или одредена санкција и за физичкото и за правното лице кое постапувало во ситуација на судир на интереси, затоа што сите оние изречени предупредувања, опомени или парични казни се премногу мали за да може да го спречат ваквото однесување. Тие прашања, тие проблеми треба македонските граѓани да ги пријавуваат, а институциите треба да ги имаат во предвид и да ги санкционираат, изјави Тасева.

Другите институции засега, само од Антикорупциската комисија ги семејно- бизнис- политичките врски на Пуцко Петрол. Само во последните три месеци компанијата добила државни тендери тешки над 7.4 милиони евра, а од почетокот на годинава државата и платила над 800 фактури.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести