Тапка во место изградбата на Дом за стари лица во Кочани

Тапка во место изградбата на дом за стари лица во Кочани.Иако проектот е изработен пред осум години и со  изградба требаше да се започне лани, Министерството за труд и социјална политика во последен момент реши да го промени планот. Поради недостаток на финансиски средства, ја услови Општина Кочани , доколку сакаат пари,  да  го намалат капацитетот. 

 „Кога отидовме со нов изменет проект, добивме ново барање капацитетот од 150легла да го ревидираме на 50легла„изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Луѓето од трета доба се повеќе стравуваат за тоа кој ќе ги чува. За две децении од Кочани се имат иселени 6.500жители.

Има заинтересирани, кога нема млади луѓе, кој нас ќе не чува. Сите си заминаа„коментираат анкетираните кочанчани.

И додека државата не може да обезбеди пари за изградба на старечки дом, за да не пропадне проектот се разгледува и опцијата истиот да се даде на  приватни инвеститори.

Дури сме подготвени и евентуален приватен инвеститор да вложи пари, а ние парцелата да ја ставиме на продажба „изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Единствен дом за стари лица во Истокот има само во Берово, а според податоците дури 70% од станарите се родители на иселеници. Статистиката покажува дека населението ни старее.За разлика  од пред две децении, сега во државата живеат скоро 140илјади повеќе луѓе над 60години. 

Александра Ристевска

Advertisements