Тамара настапи на Тел Авив, Македонија по 7 години во финале

По долга пауза од 7 години, Македонија повторно ќе има финалист во големото финале на овогодинешната Евровизија, а секако главен виновник за тоа е Тамара Тодевска. Во сабота повторно и ние и целиот свет ке имаме прилика да го видиме настапот на нашата прертставничка.  Со емотивен, прекрасен и светски настап вчера во првата полуфинална вечер нашата пејачка блесна на сцената во Тел Авив и се пласираше како прва во финалето. Веста за финалето ги израдува граѓаните кои сметаат дека со својот настап таа тоа го заслужила

Пласманот на Тамара во финалето бусди и надежи за можен највисок пласман. Ова отвора и дилеми дали земјава има и услови да биде домаќибн на еден ваков спектаткл

Пофалбите не стивнуваат, сите балкански медиуми, но и светски не штедеа убави зборови за нашиот тим во Израел.

Освен Македонија, во финалето од регионот  настап обезбедија и Србија, Албанија, Грција и Словенија. Во сабота на 18 ти мај освен овие земји, ке имаме прилика да г видиме и настапите на иЗРАЕЛ Белорусија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино, Франција, Италија, ГерманијА, Шпанија и Обединетото Кралство.

Joвана Грчева