Талибанците во Авганистан уништија мостови, прекината врски со три провинции

Талибанците уништија мостови на главните патишта југозападно од Кабул, за време на масовна офанзива против безбедносните сили.

Со тоа е прекината врската на главниот град со три провинции,

Портпаролот на полицијата Нагиб Даниш изјави дека авганистанските безбедносни сили реагирале на нападот, но борбите се уште траат, а најмалку шест полицајци загинале.

Уништувањето на мостовите ги прекина врските на Кабул со провинциите Газни, Забул и Кандахар и предизвика недостиг на струја во провинциите Мајдан Вардак, Логар, Газна и Пактија.