Талат Џафери изрази сочувство за смртта на Ратка Димитрова

По повод смртта Ратка Димитрова, пратеничка од првиот парламентарен состав, претседателот на Собраниетo, Талат Џафери, изрази сочувство до семејство Димитров. Сочувство Џафери упати и во името на актуелните пратеници.

Личност со непоколеблив карактер, јасна визија и волја за преземање на чекори кои секогаш биле во согласност со нејзиното верување и убедување. Изразувам сочувство за загубата на блискиот член на Вашето ценето семејство, загубата е огромна, ненадоместлива и болна. Меѓутоа, тоа е природен тек на нештата и животот и наша единствена опција е да ја прифатиме оваа реалност која колку и да е горка, сепак е надвор од нашата моќ. Кревки и немоќни пред тагата, останува да бидете силни, искрени и неуморни во чувањето на споменот, на заедничките убави моменти кои сте ги споделувале и секако доследни на советите кои може да ги даде само личност која во животот проживеала многу, имала плоден политички ангажман и дала несебичен придонес во развојот на општеството и држава, напиша Џафери.

Advertisements