Такси провозот во Штип поскапува

Високите цени на горивата, скроиа  поскап старт во такси превозот во Штип. Иако здружението на такси превознците вечерва ќе одлучува дали ќе има корекција во цената, денес дел од таксисти веќе возат по нов тарифник. Наместо сегашните 70, граѓаните  плаќаат по 100денари за старт.. 

Со овие цени на горивата, не можеме да излеземе накрај. Граѓаните реагираат, ама тоа е„-вели такси превозник

Со ваквите изгор цени,не само такси превозот е луксуз, за граѓаните кои за да го скрпат месецот,мора добро да ги зетегнат коланите.

Ова не е живот, ова е преживување. Со вакци цени можеме да си го дозволиме само лебот, а како шот тргнала работата ни за леб ќе немаме. Купуваме само најнеопходно, а платата стигнува само за првите неколку денови„-коментираат граѓаните.

Само во последните три месеци синдикалната кошничка пораснала за 2,023денари, покажуват пресметките  на ССМ . Во месец март ако за едно четиричлено семејство беа потребни 36,728, сега за да прехранат во мај, се потребни 38,791. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоци.

Александра Ристевска