});

Сунетот во школо имал „амин“ од Општина Гази Баба

Верски обред и приватна прослава во основното Крсте Петков Мисирков во скопска Гази Баба. Ден по прославата, екпата на телевизија Алфа повторно отиде до училиштето каде вчера беше набркана од организаторите на сунет и прослава.

Сега беа поприемчиви – извадија документ со потпис на градоначалникот Борче Георгиевски за кој велат дека е дозвола за одржување на ваков вид на настани. Организаторите на прославата велат дека се чисти, дозвола си добиле и затоа таму го прославиле сунетот, а по завршување на прославата си го исчистиле и училишниот двор.

Вчера нашата екипа не беше добредојдена, ни беа упатени низа закани и навреди.

Од министерството за образование се уште молк, иако поминаа 24 часа од одржувањето на прославата, надлежното министерство изглеа не го регистрирало ваквиот настан со потпис од градоначалникот кој дозволува приватни прослави во дворовите на образовните институции.

Ова не е прв пат во образовна институција да се извршува верски обред или приватна прослава. Пред само два месеца, во основно училште во Радовиш кое исто така го носи името на Крсте Петков Мисирков во училишната менза по повод верскиот празник Рамазан, Оџа вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера.