Судскиот совет глув на критиките од Брисел-се пофали за експресен избор на нови членови

Меѓународниот фактор ги нарекува нелегитимни, но тие брзо и организирано го спроведоа изборот на новите членови на Судскиот совет, се пофалија од Судскиот совет при објавувањето на конечните резултати. Без ниту еден приговор судиите Наке Георгиев и Антоанета Димовска се дел од новиот состав на Советот, со што Советот конечно се екипираше.

Иако Европската Унија најави оценска мисија за членовите на Советот, тие се екипираат со нови членови, но за претседателот на комисијата, судијата од Вишиот Управен суд, Сабхи Јакупи нема ништо спорно. Тој вели дека работел согласно законот, а за прашања поврзани со ставот на меѓународниот фактор, не препрати кај претседателот на Судскиот совет.

Тонско: САБХИ ЈАКУПИ, претседател на комисија за избор на членови на Судски совет

„Ние сме на предлог на Здружение на судии и Адвокатската комора на Макеоднија, согласно Законот за Судскиот совет. Не можеме да го толкуваме вашето прашање, сепак мислам дека повеќе е наменето за судксиот совет, вели судијата Јакупи.

Сабхи Јакупи пред да стане судија беше два мандати член во Државната изборна комисија на предлог на ДУИ. Си поднесе оставка откако поранешниот американски амбасадор Џес Бејли ги искара дека земале високи бонуси за изборите во 2016.

За новоизбраните членови гласале 185 судии од вкупно 236. 26 судии не го дале гласот за никој и поднеле неважечки ливчиња, а 35 судии не гласале.

Граѓанската судијка Димовска која имаше амбиција да биде уставна судијка освоила 110 гласови, двојно повеќе од против кандидатот судијата Лазар Нанев кој јавноста го памети по патувањето со Фатиме Фетаи и Тупанчевски на сметка на државна каса, како делегат на ФФМ. Двајцата беа од редот на Апелационото подрачје на Скопје.

Димовска е сестра на пратеничката на СДСМ Снежана Калевска Ванчевска и тоа што едната е во врвот на судската власт, а другата е во законодавната власт, за неа нема ништо спорно.

Од редот на Врховниот судии член на советот стана Наке Георгиев. Тој пред да стане врховен судија беше претседател на штипска апелација. За него 6 месеци не се разгледуваше претставката за несовесно работење, за на тајна седница колегите да одлучат дека тој нема одговорност.

Антоанета Димовска задно со колегата Георгиев ќе ги пополнат испразнатите столчиња на членовите кои си поднесоа оставки поради скандалите кои го тресеа ова тело.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста