СУДСКА РАЗРЕШНИЦА Е МОЖНА ОПЦИЈА ЗА ЖЕЛБАТА ЗА РАЗДЕЛБА НА МЕСИ СО БАРСЕЛОНА


Ситуацијата на релација Лионел Меси и Барселона станува сложена. Барем засега се чини дека судски расплет ќе биде единствена опција во обидот на разделбата со првата ѕвезда на каталонскиот гигант. Клубот инсистира дека е истечен рокот на клаузулата според која тој може да си замине без обештетување, туку дека некој треба сега за него да плати 700 милиони евра. Адвокатите на фудбалерот сметаат дека поради пролониграњето на сезоната поради пандемијата крајот на истата се смета 31.август што значи дека Мес иможе да ја искористи сеуште поволната опција. По се изгледа тој нема да се појави утре на стартот на подготовките за новата сезона кои ги предводи новиот тренер Роналд Куман. Од друга страна јасно е дека ниту Интер и Јувентус, ниту ПСЖ, а ни Манчестер Сити не се подготвени да ризикуваат со Меси и неговото доброволно напуштање и префрлање во нивните редови бидејќи доколку Барселона оди и добие на суд ќе плаќаат огромни оштети за двојни договори откако ќе го загубат спорот.

Поврзани вести