Судијка од Русија прогласена за виновна за кршење на антикорупциските прописи

Руската тениска судијка Светлана Терјаева, може да биде казнета поради тоа што не пријавила обид за поткупи.

Според Би-Би-Си, антикорупциската организација „Тенис Интегрити Јунит“ ја прогласила Терјаева за виновна поради кршење на две точки од програмата за борба против корупцијата.

Во јуни 2017 година, непознато лице и понудило на Терјаева поткуп за помош на одреден меч во насока на полесна добивка при обложување.

Терјаева ја одбила понудата, но не го пријавила случајот на надлежните органи, со што ги прекршила прописите.

Казната за руската судијка ќе биде одредена подоцна.