Судијката што пресудила во корист на Заев избрана во Врховен

Судијката што пресудила во корист на Заев избрана во Врховен суд, неизбран остана судијата што го ослободи Мијалков со укинување пресуда – вака денеска одлучи судскиот совет. Судијките Анита Бошковска и Катерина Георгиевска од сега ќе судат граѓански предмети во Врховниот, избрани со 10 гласа „за“ и со само 2 „против“.
Неизбран остана судијата Енвер Беџети од Апелација, познат како еден од петте судии што одлучија „Таргет – Тврдина“ да се суди одново и со тоа го ослободија Сашо Мијалков. Според јавно објавените пресуди, Бошковска до сега судела спорови по жалба, кои се однесуваат на надомест на штета и долгови.
Георгиевска судела слични спорови како нејзината колешка, но и предмети за утврдување одговорност за клевета. Таа судела и на предметот во кој тужител бил зоран заев, при што ја одбила жалбата на тужениот и ја потврдила пресудата во корист на експремиерот. Судијката Катерина Георгиевска е и сопруга на обвинителот Влатко Георгиевски од републичкото јавно обвинителство.