});

Судири меѓу полицијата и анархисти во атинската населба Ексархија

Припадници на грчката полиција вечерва се судирја со група анархисти во атинската населба Ексархија, каде пред 10 години беше убиен младиот Алексис Григоропулос.

Aнархистите кон полицијата фрлија дестици молотови коктели и друга пиротехника, на што полицајците одговорија со солзавец и со водени топови.

Анархистите поставија блокада на една од улиците во Ексархија од запалени контејнери со смет, со цел да го спречат пристапот на полицијата, а опожарен е и најмалку еден автомобил.

За разбивање на барикадите полицијата употреби водени топови, на што анархистите возвратија со нови молотиви коктели и пиротехника.

Пред вечерашните немири во Ексархија, која важи за собиралиште на анархистите, доцна попладенво мирни протести по повод 10-годишнината од убиството на Григоропулос се одржаа во центарот на Атина.

Претежно млади лица, членови на студентски, левичарски и анархистички организации и здруженија организраа протестен марш кој заврши пред грчкиот Парламент.

Дел од слоганите што ги извикуваа учесниците на протестот беа  против полицијата и полициското насилство.