Судењето на Зеќири вратено на почеток

Денеска во судницата во Кривичен суд, после повеќе од три месечно отсуство поради здравствени причини, се појави поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Поради тоа што судскиот процес против него не се одржал повеќе од 90 дена, судијката Фанка Јанчулева-Димовска донесе одлука за започнување на целиот случај од почеток. според обвинението, Мухамед Зеќири се товари дека со „злоупотреба на службена положба и овластување“ го оштетил државниот буџет за речиси 90 милиони денари.


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста