Судар на два руски авиони Су-34

Два руски воени бомбардери Сухои се судрија за време на лет над рускиот Далечен Исток, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Авиони Су-34 летале без вооружување, а се судрија над Јапонско Море.

Руското Министерство за одбрана соопшти дела екипажот од двата авиони се катапултирале, но се трага по нив.

– Авион Антонов 12 и два хеликоптера Ми-8 трагаат по екипажите на авионите, а на терен се и спасувачки екипи, соопшти руското Министерство за одбрана.

Су-34 се воени авиони, тешки 45 тони и можат да носат осум тони оружје. Нивнииот тактички радиус е 4.000 километри. Су-34, исто така, можат да се опремат со доплнителни три резервоари за гориво при што можат да летаат осум часа непрекинато.