„Студентски отпор“ незадоволни од договореното – Во четврток повикуваат на масовен студентски марш

Студентите незадоволни од договореното помеѓу нивните претставници и власта. На средбата се разговарало само за едно, а не за сите барања, вели студентот Михаил Пејковски.

– „Се разговарало само за мерката субвенциниран студентски оброк, а не и за останатите наши барања, притоа ме интерсира што се договорија нашите претставници, бидејќи во спорниот закон  за нас се предвидуваше износот 140 денари дневно, но сега, до Март месец договорија исто до 120 денари дневно. На овој начин само се купи дополнително време од 6 месеци.“ – Истакна Пејковски.

Помеѓу барањата за кои не се дискутирало е и подобрување на условите во студентските домови, како и иземање на студентите од владините мерки за штедење на електрична енегија. Апелираат да се прифати законот кој е веќе во Собрание.

– „Вчера на протестот излеговме со конкретни барања, кои се директно поставени од студентите, а тоа е субвенициониран студентски оброк и зголемување на износот на 160 денари, што е предлог закон во собраниска процедура, доставен на 2 Ноември, апелираме да се прифати истиот, независно од која партија е предложен.“ – Додаде Пејковски.

Критики за договореното со власта стигна и од претседателот на Унијата на млади сили, Сергеј Попов, кој истакна дека воопшто ништо не се договориле, односно како што вели тој, се договорија дека ќе се договорат, а не одредиле нова сума за оброкот бидејќи 120 денари лани и 120 денари сега не е исто поради големата инфлација.

Од Социјал демократската младина, пак, уверуваат дека власта го слуша гласот на младите и прави се за подобрување на студентскиот стандард.

Поддршка за студентите стигна и од независниот академски синдикат. Оттаму велат дека намерите на владата да заштеди пари, не смее да посегне по стандардот на студентите.

„Имајќи предвид дека инфлацијата во земјата ја изеде и онака ниската куповна моќ на граѓаните, кратењето на субвенционираниот студентски оброк не е и не може да биде мерка за зачувување на студентскиот стандард“ – Соопштуваат од независинот акадамски синдикат.

Инаку, дел од студентите се договорија со власта до 15 Март идната година да се изнајдат решенија за студентските предизвици. Средбата следеше по студнетските протести, спротиставени на предлогот на власта,да штеди од буџетските средства наменети за мерката „Студентски оброк“.

Голем дел се незадволни од исходот на договореното, па ќе протестираат повторно на 17 Ноември, меѓународниот ден на студентите. Оттаму апелираат на масовност, а ги повикаа на протест да излезат и средношколците, како идни студенти.

Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести