„Студентски отпор“ апелира пратениците да ги зголемат парите за студентите

Пратеничките групи во Собранието да го искористат последниот рок за поднесување амандмани на Буџетот и да им излезат во пресрет на студентите, односно да се зголемат парите предвидени од МОН, апелира Движењето „Студентски отпор“. Во Предлог-буџетот за 2023 година се намалени речиси сите ставки за студентите и за инвестиции во образованието.

Од студентското движење особено се загрижени за намалените пари за „изградба и реконструкција на студентски домови” за 31 процент и за „енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови” за дури 46%.

  • Со зголемување на средствата бараме зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари и задржување на постојните критериуми, но исто така бараме во студентските домови да има повисок квалитет на храна и лифтовите да работат во текот на целиот ден. Во делот на инвестициите во образованието бараме да се предвидат средства за реконструкција на сите студентски домови“, се наведува во соопштението.

Минатата недела студентите протестираа во два наврати незадоволни од тоа што не се инвестира во студентскиот стандард и во квалитетот на образованието. Но и покрај средбите со власта и ветувањата дека ќе им се помогне, во Собранието не помина амандманот со кој на студентите требаше да им се зголемува износот за студентски оброк.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести