Студентите се обединија – Заеднички протест за враќање на достоинството на академските граѓани

Дали е ова 1939?  Без образование нема држава –  Жолт картон за Владата и едноминутно молчење за погребаниот студентски стандард. Академските граѓани јасно и гласно на маршот организиран по повод меѓународниот ден на студентите порачаа дека е доста да бидат понижувани.

Студентите  се децидни во своите барања:  Покачување на висиината на студенскиот оброк, итна санација на мизерните услови во студентските домови, изземање од антикризните мерки за штедење, изедначување на стипендиите и подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација.

Штета што некој од важите деца не се во Стив Наумов. Ајде да ги замениме оброците, зошто во студентските бифра нема топол оброк по пониски цени или тоа важи само за Собрание, рече Милица Давчева од „Студентски отпор“.

Во 2022 година се водат преговори помеѓу студентите и управителите на студентските домови за поправка на лифгт, па секој ден треба да измислуваме топла вода. Потребни се итни мерки. Сакам да ги прашам надлежните, до каде се новите згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, вели Илија Ристески, студент на постдипломски студии.

Студентите порачаа дека не им се потребни работни групи со кои се пофали власта, туку конкретни решенија.  Не се незадоволни од договорот пред три дена за субвенционираниот оброк да се исплаќа до март 2023 година по цена од 120 денари .  Денешниот марш ги обедини во барањата да се преземат конкретни чекори за да се подобри студентскиот стандард.

Барањата остануваат исти . Подобрување на студентскиот стандард и услови, спроведување на Законот за субвенциониран студентски оброк , подобрување на условите во студентските домови, дигитализација, тоа се суштински прашања и рационални барања, вели Славчо Јакимовски, претседател на УСС УКИМ.

Додека студентите на улица ги бараат своите права, пратениците во собраниската Комисија за финансирање и Буџет не ги прифатија двата амандмани , предлог на ВМРО – ДПМНЕ за покачување на износот на студентскиот оброк и истиот да се исплаќа до крај на академската година.

 Во собраниска процедура сега  влегува предлог измени на Законот, со кој ќе се исплаќа на секој студент по 2400 денари, односно само по 120 денари на ден во работни денови и само до 15 март идната година. Предлогот треба да се гласа по скратена постапка. 

Во однос на реконструкцијата на студентските домови, од МОН кажаа дека ќе се работело прво во „Стив Наумов“, ама од в година.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста