Студентите од Загреб за ТВ Алфа демантираат дека го демолирале хотелот Десарет во Охрид

Инцидент во Македонија,студенти демолирале хотел во Охрид-e веста која осамнаа низ медиумите во регионот и предзивка силни реакци. Станува збор за хотелот Десарет каде биле сместени 1230 студенти од опкрижувањето.На аматерските видео снимки кои се појавија се гледаат искршени прозорци и друг инвентар во хотелот, фрлени пивски шишиња на кровот,а проструи и снимка од тоалет кој оддава впечаток дека е запален. Во дел од објавената снимка јасно се слушаат две лица кои снимајќи го нередот кој го оставиле зад себе, коментирааат:
”Еве не малку во ходникот, бевме на посета …

Загребските студенти демантираат дека учествувале во инцидентот.Бараат менаџерот на хотелот “Десарет” во Охрид каде што се случи инцидентот со демолирање на објектот, јавно преку медиумите да им се извини на загребските студенти кои ги посочил како виновници за целиот настан.Поради изјавата на менаџерот дадена за хрватските медиуми, која сега здраво за готово ја пренесува целиот регион- од загребското свеучилиште и деканот на Кинезиолошкиот факултет не обвинуваат дека сме го срушиле угледот на образвната институција-вели за Алфа претседателот на студентите од Кинезиолошкиот факултет,Мартин Стојчевиќ.

Тој отворено кажува и не крие дека инцидентот се случил.
”Најголем проблем е собата која изгоре, во која што имаше пожар, а тоа воопшто немаше врска со загребските студенти, во таа соба беа сместени студенти од Осиек.Тоа лесно може да се провери која соба изгоре, има руминг листа кој бил во која соба и ние бевме обвинети дека намерно сме ја запалиле собата.А менаџерот на хотелот потврди дека инсталацијата е крива за пожарот затоа што во тушот бил прекинувачот за струја и затоа изгорела собата.А тоа што кршеа прозорци тоа го направија поединци” – вели хрватскиот студент Мартин Стојчевиќ.

Во хотелот имаше штети, тоа никој не го негира но ние немаме никаков долг кон хотелот бидејќи на сите студенти 1230 на број ни беа задржани по 20 евра,значи станува збор за сума од близу 25.000 евра,истакнува Стојчевиќ.

За ова стапивме во контакт со сопстеникот на хотелот Лазе Танески кој од нејасни причини тврди дека хотелот не би демолиран и оти била скршена само една канделабра.

На спортско-културниот настан “Дифовијадата”кој се одржува повеќе од деценија биле присутни студенти од 12 факултети од регионот. Управата на хотелот Десарет инцидентот не го пријавил во полиција.

Новинар Росица Голабоска

Advertisements