Студентите на охридската филмска академија се уште без решен статус

Интернационалните студенти на Институтот за филм-филмска академија Охрид, ќе покренат правна постапка против Република Македонија бидејќи од факултетот не им издаваат документ дека се редовни студенти во академската 2018/19.Тие не можат да го регулираат својот престој во Македонија и веќе голем дел од нив илегално претстојуваат во земјава. Странските студенти се во контакт со своите матични амбасади и размислуваат за покренување правна процедура. За да ги остварат своите права, сите студенти кои имаат важечки договори подготвени се да покренат и тужби против министерството за обрзование и Институтот за филм.

Сите студенти кои требаше да ја започнат новата академска година, повеќе од еден месец се во Охрид, но настава нема. Она што фрустрира е дека и покрај неколкумесечни писмени преписки со министерството и средби со претставници и советници од министерството, сепак немаме никакво поместување-вели младиот студент од Индија. Ниту дека ќе се продолжиме со нормална настава, ниту пак дека академската година се одложува, или во најлош случај дека академијата ќе престане да работи.Најзасегнати се,додава тој студентите од првата генерација, кои не можат да се стекнат со своите дипломи, а веќе ги одбранија своите магистерски тези.

Го изгубивме ентузијазмот и надежта, вели нашиот соговорник-жалосно е да пропадне академијата која нудеше висококвалитетно образование, бидејќи предаваа врвни професори, додава тој.

Росица Голабоска