Студентите излегуваат на протест пред Влада против измените на Кривичниот законик

Измените на Кривичниот законик ги вади на улица и студентите по право. Денеска во 18 часот тие ќе излезат на протест пред Влада против измените на кривичниот законик. Во најавата за настанот се повикуваат сите студенти, професори и граѓани да се приклучат на протестот.

Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем. На Македонија и е потребна нова, некорумпирана генерација правници. Но страв ни е дека додека ние, како актуелни студенти, стасаме до позиции на правораздавачи – правдата ќе стане мисловна именка. Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во македонија и да се борат за правда во оваа држава“, се додава во најавата за протестот.

Оттаму велат дека е доста од злоупотреба на европското знаме и затоа бараат и сметаат дека е нужно некој конечно да одговара за фалсификувањата.

Advertisements