Струјата ќе поскапи за најмалку 10%
Струјата од јули ќе поскапе за најмалку 10%. Власта не подготвува за нов ценовен шок кој според регулаторот е неминовен и ќе биде резултат на еден куп натрупани државни трошоци. Но овој процент може да се случи да биде и доста повисок, оти пресметките на загубите на енергетските компании се уште се разгледуваат. Дополнителен проблем се и општините, кои трошат многу, а плаќаат малку. Тие повеќепати алармираа владата да им помогне, но попусто. Според Марко Бислимовски првичното поскапување било поради малверзации кои ги правеле општините.
- За само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра. Пред да почнат да ги разгледуваат пресметките на трошоците од енергетските компании, веќе на граѓаните им се заканува раст од минимум 10%, поради малверзaции кои ги прават дел од Општините, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимовски.
Според пшресметките на Регулаторна трошоците по основ на струја кои ги направиле општините изнесуваат над 30 милиони евра, пари кои сега регулаторна бара начин како да не ги вкалкулира во новата цена за граѓаните која треба да важи од јули.
- Во овие 10% поскапување, не се пресметани трошоците од енергетските компании и цената од ЕСМ од која најмногу зависи крајната цена за граѓаните. Дел од компаниите веќе доставиле барање до РКЕ, се чека уште од МЕПСО. Во меѓувреме се подготвува тарифник со кој цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од потрошувачката. Сега се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимовски.
Инаку, до крајот на месецов енергетските компании треба да ги достават пресметките за нивните трошоците кои директно влијаат во формирањето на цената за домаќинствата. Засега не се знае и колкав ќе биде уделот на струја кој државните електрани ќе го испорачаат на Универзалниот снабдувач.
Претходно, Европската банка за обнова и развој потврди дека ќе ги помогне државните електрани со 100 милиони евра. Кредитот наменет за надминување на енергетската криза ќе биде одобрен на 20-ти јули. Од банката информираат дека парите ќе се искористат за да се надминат сегашните кризи на пазарот со струја и да се зголеми отпорноста на енергетскиот сектор од системски шокови.
Во меѓу време, привршува изработката на новите правилници за нови тарифи за пресметка на цената на струјата. Домаќинствата кои трошат повеќе, ќе се тарифираат поскапо.
Борис Грујоски