Струшкото обвинителство се брани: Не само што знаело за незаконските назначувања на директори, туку и отворило предмети за Мерко
Основното јавно обвинителство го проверува скандалот со организираниот образовен криминал во основните училишта во Струга и струшко, каде незаконски се поставувале директори.Од Државната комисија за спречување на корупција до Основното јавно обвинителство Струга се доставени иницијативи поврзани со назначување на повеќе лица,велат за Алфа од ОЈО.Од таму тврдат дека една година правеле проверки.
- „За назначувањата во сите овие институции, ОЈО Струга веќе претходно има оформени предмети од почетокот на годинава и веќе се прават проверки. Во предистражна постапка се проверуваат и други назначувања, но јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во интерес на постапката.“ – Велат од ОЈО.
Инаку како што вчера Алфа обелодени, незаконското поставување на директор во основото училиште во Велешта,за кое антикорупциска достави иницијатива до ОЈО за кривично гонење на градоначалникот Рамиз Мерко, не бил изолиран случај. Со незавршено високо образование во основното училиште “Гоце Делчев “ во Подгорци директорувал ветеринарен техничар. Па така од штала дирекно седнал во директорската фотеља,а во меѓувреме се здобил и со диплома од Меѓунарониот универзитет во Струга.
И во училиштата во Радолишта,Вевчани и Лабуништа биле поставувани по неколку пати исти в.д. директори,без потребниот работен стаж од 5 години.Во Лабуништа директорката била донесена од ресурсниот центар од Битола каде работела како образовен асистент.Во училиштетото во Лабуништа најпрвин била примена како психолог,за по една недела да биде унапредена во директор. Спорно е и поставувањето на директорката во струшкото основно училиште “Браќа Миладиновци “.Иако немала лиценца за директор, од гимназијата “Ибрахим Темо “ каде предавала албански јазик, веќе една година таа е поставена за директор во “Браќа Миладоновци.“
- “За сето ова биле запознати и градоначалникот Мерко, биле запознати и од ДПИ, раководителите за високо образование во Скопје Африм Салиу,Бесим Алија и нормално бил запознат и Јетон Шаќири и наместо сето ова да го согледа и да му ги одземе ингеренциите на Мерко, тој си продолжува со истите вакви криминални дејанијa. Оваа дивјачка работа,оваа примитивна,нецивилизирана работа на Рамиз Мерко и на министерот за образование не се почитува.По ова неминовна е оставка на министерот и преземање на сите чекори од јавното обвинителство за организиран криминал” – вели пензионораниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски.
За скандалот реагираа единствено од струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ. Искривената реалност и непочитување на законите се слика за локалната власт во Струга. Институциите треба да реагираат, доколку сакаат да не убедат дека општеството е за сите, дека сите сме еднакви во поглед на правата и во поглед на одговорноста.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски