Струката контра Османи – Имаме луѓе за реформи во правосудството, но тие се неподобни за политиката

Политиката го уништи правосудството. Македонија има стручни кадри кои можат да спроведат решителни реформи во судскиот систем, но тие се маргинализирани на сметка на функционери кои напредуваат според партиска подобност.

Изјавата на министерот за надворешни дека Македонија без ЕУ не може да го подобри судско – обвинителскиот систем, во најмала рака е скандалозна, сметаат познавачите. Едно е да се побара меѓународна помош, а сосема друго да се каже дека дома нема капацитет.

Поранешениот антикорупционер, Сламков за Алфа, објаснува дека само луѓе со силен интегритет и без политички дамки врз својата кариера може да го оправат судството, но за тоа мора да има политичка и институционална волја.

  • Не се согласувам со изјава на министерот Османи, смета дека Македонија има сила да се справи со борбата со корупцијата и криминалот, но вистинското пршањето е дали тие луѓе кои се поставени во моментов ги имаат потребните карактеристики односно интрегритетот. Интегритетот кој што значи отпорност на политички влијанија, транспарентност и отчетност“, потенцира Сламков, поранешен претседател на ДКСК.

На иста линија со Сламков, е и поранешниот обвинител Војо Димовски. И тој смета дека изјавата на Османи е реална само ако се погледнат моментално поставените лица на клучни позиции во правосудниот систем, а кои во минатото биле политички и партиски поврзувани.

  • Не се согласувам со таа теза дека до таа мера потребна, помош од надворешни фактори. Јас цело време го посочувам тоа, дека ние имаме кадри способни и чесни кои што можат да го направат тоа. Но се комплицира бидејќи политички фактори како именуваниот, почитички фактори влијаат врз судството кое што кулмирана во последната декада. Тоа е точно дијагностицирање на проблемот, односно точно посочување на факторите кои што влијаат судството да се најде во оваа ситуација а тоа се политичките фактори. Затоа треба да се изнајде некое решение каде што влијанието на политичките фактори врз правосудните експерти кои повторувам ги имаме, ќе се минимизира. Клучните позииции во македонското обвинителство ги држат луѓе кои што се со свилен конец се врзани со политичките елити, и во случајот во најголем дел, на ДУИ“ вели Војо Димовски, поранешен обвинител, адвокат.

Сламков посочува и од каде би требало да започнат реформите во правосудството – политичарите да ги тргнат рацете и да ги остават судиите и обвинителите независно и професионално да си ја вршат работата.

  • Прва институција е Судскиот совет. Видовме изминативе месеци колку неубави работи се случија таму и во таа институција потребни се промени. Значи ние имаме добра правна нормативна рамка, но прашањето е во луѓето кои ги водат тие институции. Втората е Советот на јавни обвинители. Имавме јавен обвинител кој на прес-конференција ги искритикува и заврши пред Совет за етика. А таа кажа дека има одредени влијанија врз процесот на избор на обвинители. Што фрла дамка на таа интитуција. И трета институција е Академијата за судии и обвинители односно Управниот одбор, и таму видовме дека поранешен ген сек на Владата влијаел врз влезот на кандидатите… вели за Алфа, Сламков.  

Ваквите реакции кај правната фела доаѓаат по изјавата на министерот Османи кој рече дека сами не можеме да ги оправиме состојбите во судството. За него единствениот излез е во почетокот на преговори со Европската унија и отворање на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на реформи во правосудството. Ова беше реакција на сериозната порака од Соединетите Држави дека лидерите на Македонија да ги тргнат рацето од судството и да покажат силни и реални резултати во борбата против корупцијата.

Викторија Миткова

Advertisements

Поврзани вести