Стружани со последен апел до општината да го реши проблемот со бездомните кучиња

Проблемот со бездомите кучиња во Струга, ескалира-не се добројуваат луѓето кои секојдневно се жртви на кучињата кои ги има на секој агол. Стружани со последен апел до општината, ако на хуман начин, не го реши проблемот, граѓаните работите ќе ги земат во свои раце. 

Пред цели 11 години, државниот ветеринарен испекторат ја задолжил Општина Струга и тогаш актуелниот градоначалник Рамиз Мерко да издвојат пари од општинскиот буџет и да го решат проблемот со кучињата скитници-но, градот не само што не превзел ништо, туку не издвоил ни денар. За ова посведочи државниот ветеринарен инспектор Петар Ѓорѓиески кој во 2011-та година ја задолжил општината да направи мини стационар и да обезбеди шинтерска служба, со цел да се спречи ситуацијата со кучињата скитиници да излезе од контрола.

Имаме болести кои што се префрлаат од животните на луѓето, беснило и други работи. Има и паразитски болести, а најголем проблем е беснилото. Значи секое куче што ќе касне човек може да добие беснило после 6 месеци до 3 години. Ако во првите 24 часа не прими серум човекот нема кој да го спаси, изјави Петар Ѓорѓиески-државен ветеринарен инспектор

Мерко пак, им го собра гајлето и на другите општини, место да понуди решение, праша зошто нема Охрид, Кичево и другите градови стационар, влегувајќи во жолчна дискусија со ветеринарниот испектор.

Оваа работа да му ја дадеме на ангенцијата за ветеринарство. Не може така. Чекај бе, кога можете оваа обврска да ја земате, зошто да не ја земемате од вашата иституција? Јас цело време велам на државни ниво да се занимавате со оваа работа, изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга

Општина Струга е богата и парите не треба да преставуваат проблем за Мерко-вели советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ален Деребан.

Општина Струга има пари за луксузни возила, има пари за 5 милиони денари репрезентација, има пари за диско осветлување на Дримот кое не ни функционира, а нема пари за стационар за кучиња скитници, изјави Ален Деребан-ВМРО ДПМНЕ

Надлежноста за бездомните кучиња Советот ја има префлено на јавното комунално претпријатие кое иако превработено, не е способно да превземе дејствија, бидејќи нема стручни лица. Дополнително, надлежноста за кучињата смислено е префлена на комуналното претпријатие за да се избегне обесштетување на граѓаните кои ја тужат општината. Затоа општината не бара решение за овој проблем и парите од буџетот ги пренаменува за други непродуктивини трошоци, од кои никој нема бенефит – заврши Деребан.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски