Страшна сообраќајна несреќа – тешко повредено 18-годишно момче

Осумнаесетгодишник синоќа е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Крива Паланка, на крстосница меѓу улицата „Св.Јоаким Осоговски“ и мостот „Шанин мост“ на реката Крива Река. Возилото „Опел Астра“ со регистарски таблички од К. Паланка било управувано од деветнаесетгодишно лице од селото Конопница, и во еден момент се судрило со исто такво патничко возило но со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (45) од с.Длабочица, кривопаланечко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ. (18)од Крива Паланка-сопатник во возилото што го управувал Х.С. по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, соопштуваат од МВР.