Странските туристи се враќаат во Охрид по двегодишната пандемиска блокада

За разлика од лани кога поради ковид пандемијата странците секојдневно ги откажуваа склучените аранжамни,пристугнувањето на првите холандски туристи дава надеж дека ова лето охридската ривера нема да биде пуста. Без заштитни маски на себе, 155 холанѓаните се симнаа на охридскиот аеродром.

АНКЕТА: 1. По втор пат доаѓам во Охрид,бидејќи градот ми се допаѓа многу,а и луѓето се многу гостопримиливи.Ќе престојувам 10 дена.; 2. Прв пат доаѓам на одмор тука бидејќи е убаво и тивко ; 3.Не сакавме да одиме на одмор во Шпанија или Грција,сакавме да ги доживееме убавините токму на вашата земја..

Планирано е ова лето да се реализираат 60 чартер летови од Холандија,а според договореното барем за сега сеуште е актулена најавата за доаѓање на традиционалните гости од Турција и Полска.

Забележувам дека сите инволвирани субјекти и објекти во туризмот, сакаме да ги споредуваме годините кои што доаѓаат со 2019-та за жал, сеуште тоа е нереално вели Челик Асим-ТУЈ Македонија.

Македонија ќе биде дел од кружните патувања на туристи од Малезија,Индија, Израел.За прв пат во Македонија организирано ќе летуваат околу 8.000 гости од Велика Британија.

Според мене туризмот не познава граници, познава дестинации и слободното патување на сите туристи е многу важно вели Љупчо Јаневски-Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Јаневски прилично оптимистички, очекувал ова лето да бидат реализирани околу 2,5 милиони ноќевања во македонските туристички центри.

Росица Голабоска