„Стој, убавица!“ – Мис Германија е закон, ама буквално (ВИДЕО)

28-годишната Надин Бернајс победи во конкуренцијата од 9,5 илјади девојки и ја освои титулата Мис Германија. Победничката на германскиот избор по професија е полицајка која работи на истраги за сајбер-криминал.

Бернајс, која потекнува од Дрезден, во натпреварот ја раскажала својата животна приказна – на 18 години се сели во федералната провинција Баден-Виртемберг и решава дека ќе се издржува самата.

„Би ги посоветувала сите да го направат истото: напуштете го домот како помлади, за да се научите на независност без помошта од родителите. Работам во полицијата повеќе од 10 години и никогаш не зажалив за тоа“, вели новата Мис Германија.

Таа на почетокот на кариерата работела како полицаец за обезбедување на масовни собири, фудбалски натпревари и протести, за после година и половина да биде префрлена во полициска патрола. Од пред три години се занимава со ловење на сајбер-криминалци.

Како награда за победата на изборот Бернајс добива една година патувања во многу земји (што ќе значи и една година отсуство од работа), автомобил и „еден тон“ облека, пишува Дејли Мејл. Таа признала дека сон и е да биде дел од хелихоптерската единица во полицијата – но тој сон беше важечки барем до пред изборот за Мис на Германија и сето тоа што оваа титула го носи со себе.

Германската јавност има несомнен фетиш на полицајки, бидејќи пред само неколку месеци мегапопуларна на интернет беше 34-годишната Адријана Колезар, исто така девојка вработена во германската полиција, која пак поради огромната популарност на инстаграм и неофицијалната титула како „најубава полицајка во земјата“ даде отказ од работното место, за да одлучи што ќе прави во животот.

Славата удри во глава но по шест месеци „неплатен одмор“ за да се пронајде себеси Колезар се вратила на работа пред само неколку недели. Точно навреме за Германија да може да спие мирно бидејќи нема во исто време да е ослабена без помошта дури на две припаднички на силите на полицијата кои се магнет за очите на јавноста.