Стојков: Нема крај на притисоците и заканите кон Македонците во Бугарија

Притисоци, закани и институционални неправди трпи македонското малцинство во соседна Бугарија. Нас, Македонците не гледаат како непријатели и предавници и одбиваат да прифатат дека постоиме вели за Алфа, претседателот на ОМО „Илинден“, Стојко Стојков. Секој чекор кој го преземаме за зближување на македонското малцинство се бележи како провокација. Двата народи немаше да се караат тврди Стојков доколку ја немаше оваа антимакедонска идеологија во Бугарија.

  • Проблемот е што, гледате во Бугарија каков е и односот спрема македонската нација и држава. Има едно генерално гледање, Македонци нема и неможе да има и соодветно ние кои што тврдиме дека сме Македонци во Бугарија сме најголем проблем. Тие тврдат дека Македонците во Македонија на сила се направени, од Бугари во Македонци во 1945 година, што е лага, меѓутоа ние сме најдиректно негација на тоа што го тврдат“ вели во изјава за Алфа, Стојко Стојков, Претседател на ОМО „Илинден“ Пирин.

Македонското малцинство сакаше да отвори клубови во градовите каде што живеат Македонци, но тоа беше спречено а директно се вклучија и државните институции, тврди Стојков.   

  • Па видете, има цела кампања за да се спречи отворање на македонски клубови. Така се случи и во градот Гоце Делчев. Се спремавме да отвори втор клуб во Бугарија, меѓутоа во последен момент, пред самото отворање, откако претходно се стиснати рацете, сопственикот се откажа во последен момент. Знаете ги притискаат, ги плашат.. “ тврди Стојко Стојков, Претседател на ОМО „Илинден“ Пирин.

Бугарските власти отворено притискаат и сакаат да се затвори и веќе отворениот македонски клуб во Благоевград. Нападите на македонски здруженија во Бугарија се чести вели Стојков, а бугарската полиција и обвинителството во неколку наврати одбија да направат истраг ба за тоа. И наместо во вакви услови, македонската дипломатија да го помага малцинството, министерот Османи ги навреди основачите, објаснува претседателот на организацијата.

  • Тоа беше една многу несреќна и несманса изјава на министерот. Луѓето кои што помогнаа да се финансира отворањето на овој клуб, тој ги нападна, без причина… Не знам, ги нарече антиевропски и слично. Тие поведоа постапка и за тоа ќе одлучува судот во Македонија. Овие луѓе, но и други исто така помагале и не поддржувале, и навистина беше тажно кога министерот ги нападна нив“ – вели Стојко Стојков, Претседател на ОМО „Илинден“ Пирин.

Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада и самата организација го тужат министерот за надворешни работи бидејќи во изјава во ноември минатата година искажал понижувачко мислење повредувајќи ја честа и огледот на тужителите нарекувајќи ги сомнителни луѓе со антидржавни ставови. Судењето започна минатата недела, а кон крајот на следниот месец свој исказ во судот треба да даде министерот Бујар Османи.

Викторија Миткова

Advertisements