Сторија на Алфа: 47 годишната Борјанка моли за помош

Сама, изнемоштена и без услови за живот – 47 годишната Борјанка Пешевска од скопско Трубарево живее во двособна куќарка пред распаѓање без вода.Борјанка нема тоалет, ниту пак чешма во нејзината куќа, вода за лична употреба користи од соседите а по нужда оди во селското полско веце кое е на речиси 5 минути оддалеченост.

Борјанка има бубрежна болест и оди на дијализа три пати неделно. Вели дека секој месец треба сама да  си ја купува  потребната терапија, бидејќи лекарствата кои што биле на рецепт претежно ги немало во аптеките, па морала на приватно да плаќа по 400 денари за една кутија.Единствен приход и е социјалната помош од 3 илјади денари и додатокот за туѓа нега од 3 илјади и 700 денари.

Борјанка има вештачки колк, но поради компликации  и е вметната и протеза на ногата, по неколку месечна болки и терапија која не и помогнала лекарите и рекле дека дел од протезата е откачена, но не сакале да и ја извадат бидејќи требало дополнително да им плати за таа услуга.

Борјанка Пешевска бара помош од надлежните – министерот за здравство да го испита случајот со протезата, а министерката за социјала да и обезбеди пристојни услови за живот. Таа апелира и до хуманите граѓани да и помогнат колку толку да ја обнови куќата, а и да донираат храна и облека.

Јована Грчева