Стопанството алармира дека Владата доцни со мерките, а компаниите трпат штети и ставаат клуч на врата

Владините мерки се задоцнети и недоволни, и кој знае кога ќе се реализираат во пракса, така што голем дел средни и мали претпријатија по се изгледа ќе мора да стават клуч на врата. Бизнимените предупредуваат дека доколку државата итно не преземе конкретни чекори со кои ќе го олесни работењето на фирмите во време на енергерска криза, на стопанството му се заканува целосен колапс.

Владата доцни со новиот сет антикризни мерки – бизнис заедницата алармира дека никаде ја нема помошта од која зависи опстанокот на илјадници компании.

Првиот човек на Стопанската комора на северо-западна Македонија, Неби Хоџа, предупредува дека доколку државата итно не преземе конкретни чекори со кои ќе го олесни работењето на фирмите во време на енергерска криза, на стопанството му се заканува целосен колапс.

  • Гледаме дека со овие цени бизнисот е пред колапс. За ова интервениравме како стопанска комора, сите заедно да најдеме начин и решение. Владата треба да дава помош бидејќи состојбата со поскапувањето на струјата е на многу високо ниво и за ова побаравме итна интервенција од Владата за поддршка на компаниите со сите можни ресурси. Разговаравме во Националниот совет да најдеме решение за поддршка на компаниите кои се на отворен пазар како и на фиксен пазар, има можности за такви решенија, само треба да ги најдеме модалитетите, изјави Хоџа.

И Стопанската Комора на Македонија бара итни мерки. Оттаму уште пред една година предупредија дека претстои тежок период. Според првиот човек на Комората, Бранко Азески, поради задоцнетите реакции државата се доведува во ситуација повторно да решава социјални случаи кои што ќе седат дома, наместо да одат на работа преку зголемување на економската активност на стопанските субјекти.

  • Ние вршевме континуиран притисок за воопшто да се разговара за тоа прашање. А после кога се отворија темите имаше различни мислења околу тоа каков пристап ќе се има. Дали ќе се поддржат сите компании или само секторите кои што имаат најголема штета од тоа, или мораат да бидат задржани. Ние сега се наоѓаме во ситуација во која што можеме да кажеме дека имаме една лепеза на мерки со кои што би можеле да интервенираме. Меѓутоа, изгубеното време, изгубените пари на компаниите не можеме да ги вратиме, тврди Азески.

И од Сојузот на синдикати на Македонија реагираат на задоцнетата и недоволна помош. По нјавите за намалување на дел од платите во јавниот сектор, првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, предупредува дека Владата не смее да штеди работниците при инфлација од 18.7% инфлација и до 100% зголемени цени на основните прехранбени производи.

  • Работниците не се опфатени, пак ли ќе се заглавиме во собранието, пак ли ќе се чека партиски дилови. Време за чекање немаме. Мерките се задоцнети. Како може да сувенционираме толку мала сума? Нас ни требаше реален пораст на платите. Владата треба да знае дека треба да се помогне на работниците кои земаат пониски плати. Ова што го слушнавме ќе го изанализираме и на Економско социјалниот совет во среда, ќе дадеме свои препораки и барања, рече Димовски во изјава за Алфа.

Претходно, и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го оцени пакетот антикризни мерки како лош и излезе со свои предлози. Предвидува ноќните вишоци на струја да се продаваат поевтино на компаниите, недела неработен ден да се замени со кој било друг ден во неделата и да се воведе викенд без ДДВ за прехранбените производи.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести