Стопанските комори бараат од Владата итно замрзнување на маржите на струјата што му се продава на бизснисот

Со енергетско цунами се соочува Македонија. Стопанските комори бараат итни мерки. Владата да ги замрзне маржите на струјата која ја продаваат трговците на бизнисот. Со план за зголемување на енергетската независност и ефикасност сакаат државата да ги подддржи фирмите за да не стават клуч на врата.

  • Бараме да се елиминитира маржата. Затоа што ако ЕЛЕМ ја продава од 300-350 евра на слободниот пазар, ние сметаме дека во овој момент да се продава да се продава таа иста енергија според цената на Будимпештанска берза е навистина некоректно бидејќи моменталнита цена е околу 700 евра. Тоа значи на огромни количини енергија, на огромни количини на средства и екстра профит во вакви кризни времиња. Некој што ги познава состојбите може да го коментира како кризно профитерство рече Трајан Ангелоски  – претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија.

За разлика од кај нас, во регионот, во Србија и Босна и Херцеговина државните копмании за струја ја продаваат по неколку кратно пониски цени на трговците, по што директно му побагаат на бизнисот. 

  • Во Србија, и да речеме на БиХ, стујата ја произведуваат и продаваат по многу пониска цена. На пример, во моментов српската економија, српските компании, мегават час го плаќаат 75 евра, а во Босна мегават час од државата компнија која произведува електрична енергија ја продава за 66 евра. Доколку нашето електростопанство произведува енергија треба да ја продава по многу понинска цена на компании, на трговците, и дополнително може да се земе во предвид дека државното електростопанство на ЕВН електричната енергија и ја продава за 50-тина евра мегават час. Со толку големи разлики во однос на околните држави нашата економија е неконкурентна… рече Орце Симов – потпретседател на ССК.

Компаниите предлагаат и да се овозможи приклучокот на фотоволтаичните електрани да биде во побрза институционална постапка, да се укине ДДД-то за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими.

  • Државата треба да се фокусира на заштеди и рационализација  во Буџетот, а редно време е да размислува и за приватизација на одредени несуштински работи кои ги поседува, а кои со години можеби бележат загуби, рече Трајан Ангелоски.

Претходно и од Стопанската комора на Македонија излегоа со слични барања и со предупредување дека власта не може да глуми нормалност во ваква криза, дека доколку итно не се помогне на бизнисот, илјадници компании ќе банкротираат.

Викторија Миткова