Столтенберг: Украина ќе стане членка на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг денеска одржаа прес-конференција.

Столтенберг уште од самиот почеток потврди дека Украина ќе стане членка на НАТО.

„Се договоривме за пакет од три дела што ја приближува Украина до НАТО. Повеќекратна програма за практична помош, формирање на нов совет што ќе ги поврзе НАТО и Украина, како и потврда дека Украина ќе стане членка на НАТО“, рече Столтенберг.

Во врска со членството во НАТО, Столтенберг рече дека алијансата ќе упати покана за НАТО „кога сојузниците ќе се договорат, кога ќе се исполнат условите“.

Зеленски го започна своето обраќање тврдејќи дека во моментов има недостаток на безбедност во Украина.

„Му благодарам на НАТО за трите пакети за поддршка. Разговарав што друго може да се направи за да му се помогне на украинскиот народ. Имаме позитивни вести за новиот пакет одбранбена поддршка што доаѓаат од нашите партнери“, рече украинскиот претседател.

„Би сакал да ви изразам благодарност, Јенс“, рече Зеленски обраќајќи му се на шефот на НАТО.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста