Столтенберг: Вежбите на НАТО не се насочени против Русија

Во интервју за Евроњуз генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воените вежби на НАТО кои се одржуваат во Норвешка, на западната граница со Русија, не се насочени против ниедна земја.

-Немаме ништо да скриеме, транспарентни сме, вежбите не се насочени против ниту една специфична земја, сакаме да се осигураме дека НАТО може да продолжи да превенира конфликти изјави Столтенберг, одговарајќи на сомнежите дека со овие најголеми воени вежби по крајот на Студената Војна, Алијансата и покажува сила на Русија.

-Мораме да бидеме способни да делуваме од југ до север и од исток до запад, не сакаме нова Студена Војна, сакаме да нема сомнеж дека НАТО е способен да ги заштити своите сојузници, изјави шефот на Алијансата. тм/