Стоилов број еден капитен во Европа и ѕвезда на Балканот во јануари

Популарниот специјализиран сајт за ракомет „Балкан Хендбол“ вчера ги објави нивните бројки за посетеност во месец јануари и кај нив доминира Стојанче Стоилов.

Во нивната објава се наведува дека овој јануари бил втор месец по посетеност во нивната 12 годишна историја и тоа е така благодарение на Стоилов.

На прво место е колумната напишана пред натпреварот против Хрватска во која се опишува силниот карактер на нашиот ракометар. Во најчитаните текстови Стоилов ја држи и втората позиција.

Со пораката дека за него Македонија секогаш останува Македонија.

Претходно, како загревање пред официјалниот старт на вториот дел од сезоната во ракометната Лига на шампионите, ЕХФ направи анкета со која ракометна Европа го бираше најпопуларниот капитен, а првото место го освои вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов, кој доби многу повеќе гласови од Виктор Томас, лидерот на Барселона.

Стоилов доби 64 проценти од гласовите, а Томас 36%.